Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Екстремни штети по разорниот земјотрес во Мјанмар

/

пред 563 дена

Сподели преку :

Огромни штети се забележат во главниот град на Мјанмар, Најпитав, два дена по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 1.700 луѓе, а голем број се уште се под урнатините.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала во близина на Мандалеј, урна голем број згради, а предизвика и огромни штети на останатата инфраструктура во земјата.

Напорите за помош се отежнати поради уништените патишта, срушените мостови, несоодветните комуникации и предизвиците за дејствување во екот на граѓанска војна.

Потрагата по преживеани првенствено се спроведува од страна на локалните жители без тешка опрема, копајќи низ урнатините со рака и со лопати на температура од 41 степени Целзиусови.

Афтершок со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово повторно ги преплаши жителите кои веднаш излегоа на улиците.

Голем број од 1,5 милиони луѓе на Мандалеј ја поминаа ноќта спиејќи на отворено, или останаа без покрив над главата од земјотресот, кој исто така го потресе соседен Тајланд и уби најмалку 17 луѓе таму.