Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Еве како ќе изгледа салата „Работнички“ која по 50 години ќе започне да се реновира

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Спортската сала „Работнички“ по 50 години ќе добие нов облик. Реновирањето е планирано да заврши до крајот на оваа година.

Неодамна кровот на спортската сала се демонтираше, а се очекува да добие и нова фасада. Од Општина Центар информираа дека тоа треба да се реализира до март како и комплетно нови канцелариски простории каде што беа сместени спортските федерации.

Во планот за реновирање е предвидена нова еластична подлога, нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод, а досегашните бетонски клупи ќе бидат обновени со 891 седиште.

Парите за реконструкција се одобрени од средствата предвидени за општински проекти од Владата.