Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Голем број демонстранти се собраа во Минхен додека се одржува безбедносната конференција

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Голем број демонстрантите се собраа пред салата каде се одржува Минхенската безбедносна конференција на која присуствуваат голем број светските лидери.

„Би било многу важно за германската политика да се сврти кон преговори наместо да пука“, рече Марк Елман, главниот говорник на „Минхенската алијанса за мир“ додека се обраќаше на собирот пред присутните.

Потсети дека до сега над 1 милион луѓе загинати во војната во Украина, а Појасот Газа по година ипол војна стана непогодно место за живеење.

Демонстрантите предупредија и на глобалното затоплување и потсетија дека температурата на светско ниво пораснала за 1,5 степени.

– Сето тоа се суштински причини за конечно да се запре политиката на повторно вооружување и ескалација на земјите од НАТО“, додаде Елман.

Демонстрантите потоа продолжија со марш покрај местото каде што се одржува безбедносната конференција во долг лак низ центарот на Минхен.

Минхенска безбедносна конференција: Путин нема да застане на Украина, на Европа и е потребна силна одбрана вели Зеленски