Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Израелската војска откри нов подземен тунел каде биле држени дел од заложниците на Хамас

/

пред 1008 дена

Сподели преку :

Војниците на 98-та дивизија извршија воена операција во подземен тунел во Кан Јунис во кој според доказите за кои велад дека биле најдени на местото биле држени дел од заложници на Хамас. Должината на тунелот според извештаите на израелските воени сили изнесува околу 830 метри и истиот бил на длабочина од околу 20 метри.

Некои заложници кои беа држени во подземен премин се веќе ослободени, други однесени на друго место.

Во дел од доказите до кои успеала да дојде израелската војска се и цртежи направени од Емилија Алони, 5-годишна заложничка, која беше ослободена за време на договорот за прекин на огнот.

Од рано утрово црн чад се издига над појацот, а се слушаат и силни детонации во појасот Газа. Израелската армија ја продолжува својата воена операција.

Портпаролот на Министерството за здравство на Газа денеска изјави дека најмалку 178 тела биле донесени во болниците во Газа за 24 часа.

Војната започна со ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој палестинските милитанти убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, и зедоа околу 250 заложници, вклучувајќи мажи, жени и деца.

Бројот на палестинци загинати во Газа во војната која влезе во четвртиот месец се искачи на над 25.000.