Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Мексиканскии воен брод удрил во Бруклинскиот мост во Њујорк, при што се скршиле трите јарболи на бродот, при што загинаа двајца членови на екипажот.

Несреќата, која беше снимена од бројни очевидци, покажува како бродот „Куаутемок“ со голема брзина се движи наназад кон мостот, блиску до страната на Бруклин.

Во моментот кога ги удира јарболите во мостот, тие се кршат еден по еден, додека бродот продолжува да се движи.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, соопшти дека 142-годишниот мост не претрпел поголема штета, но најмалку 19 лица од бродот имале потреба од медицинска помош по инцидентот.

Четворица биле сериозно повредени, а двајца од нив починале од повредите, потврди Адамс утрово преку социјалните мрежи.

Причините за судирот сè уште се истражуваат.