Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Огнената стихија го осветли небото над планините Санта Моника

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Продолжува да дивее огнената стихија која зафати области на Лос Анџелес и пеплоса околуи 10 илјади објекти.

Во пожарите кои избија во вторникот до сега загинале најмалку 10 лица, а илјадници други се раселени.

Противпожарните екипи во текот на ноќта интервенираа од воздух со хеликоптери борејќи се да го стават под контрола пожарот на планината Санта Моника.

Огнената стихија која го зафати регионот се прошири на област поголема од територијата на Сан Франциско.

Пожарите започнаа во вторникот, поттикнати од налетите на силните ветрови на Санта Ана, кои во четвртокот ослабнаа, иако синоптичарите предупредуваат дека може да се вратат за време на престојниот викенд.