Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео) Прочистување, обновување и нов почеток – Вевчански карневал стар повеќе од 1.400 години

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Со палење на маските и традиционалното Василичарско оро завршува годинашниот Вевчански карневал стар повеќе од 1.400 години.

И оваа година карневалот, кој ги поврзува паганските и христијанските обичаи привлече голем број домашни и странски посетители. Карневалот симболично го означува преминот од старата во Новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток.

  • Како и секоја година забава, добра дружба, добра мисла и на крајот да сумираме резултати дека сме поминале нај нај. Тоа е Вевчани, затоа и постои овој карневал за дружење и забава. Полни се сместувачките капацитети. Има и викендаши луѓе што живеат надвор од Вевчани, знаете Вевчани од околу 2000 жители, на денешниот ден сме речиси дупло – Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани.

  • Во мултикултурниот центар имаме простор кој што е наменет за музејски поставки, се уште не е содржински исполнет. Имаме идеја тој простор да се исполни. Да биде место каде што туристите во текот на целата година ќе видат и доживеат делови од нашата традиција, делови од карневалот и од историјата на Вевчани. Таа идеја за нас како мала општина ќе биде од големо значење, затоа што тоа е содржина која многу му фали на Вевчани.  Сите кои доаѓаат тука сакаат повеќе да разберат за нашата историја, традиција и култура – Александра Велкоска, туризмолог. 

Б.С.