Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Успешно отстранета неексплодирана бомба во Ниш останата уште од времето на бомбардирањето на НАТО

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Неексплодирана бомба уште од времето на бомбардирањето на НАТО, пронајдена во населено место во Ниш, е успешно отстранета.

Додека траеше процедурата за нејзино отстранување од локацијата каде беше пронајдена жителите од околните места беа евакуирани, но по нејзиното успешно отстранување нив им беше повторно дозволено да се вратат во своите домови.

Бомбата со камион е транспортирана на безбедна локација оддалечена на еден час од Ниш но нејзиното уништување се уште не е завршено.

 

Сега таа ќе биде закопана под земја, а потоа безбедно активирана, велат српските власти.

 

Отстранувањето на бомбата започна во 8:10 часот, а заврши во 9:40 часот.