Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Успешно заврши акцијата за извлекување на повредениот планинар на Пелистер

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита за спасување  и на Министерството за внатрешни работи за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер.

За епилогот на акцијата попладнево преку објава на својот фејсбук-профил информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека во неа од страна МВР учестувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадици на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, првично информираше за повредениот планинар на Пелистер и мерките што се преземаат за негово безбедно извлекување од непристапниот терен. Планинарот со скршеница на ногата бил заглавен помеѓу карпест засек под врвот на Пелистер. Како што информираше Анлегов денеска претпладне до местото оддалечено беше упатена екипа од тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување со задача да го имоблизираат повредениот планинар, да го подготват и да го пренесат на отворено место, бидејќи локацијата каде се наоѓал била оддалечена неколку часа одење пеш од последната позиција до која може да се стигне со возило.