Ретка супер крвава месечина беше видлива на небото над Скопје синоќа и во раните часови утринава.
Фотографите и астрономите низ светот беа будни и во обид да го овековечат овој феномен, кој имаше најдобра глетка во 3:29 часот ноќеска по Гринич просечното време (GMT).
Горната фотографија објавена на повеќе светски медиуми како што е VICE е дело на познатиот македонски фоторепортер Роберт Атанасовски, кој ноќта на крвавата месечина ги ловеше деталите на оваа астрономска појава од Скопје.
На фотографијата е излегувањето на Месечината од зад Водно и веднаш позиционирано зад Милениумскиот крст.
Црвената боја и “крвавата” месечина се предизвикани од фактот дека Земјата се наоѓаше директно помеѓу сонцето и месечината, односно единствената сончева светлина која ја допре месечината беше филтрирана, предизвикувајќи црвена боја.
Фотографии од оваа несекојдневна глетка беа направени на повеќе локации од светот, а една од локациите е и Милениумскиот крст на Водно во Скопје.
Автор: Роберт Атанасовски
Извор: VICE World News











