Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фото/Видео: Зградата на „Загребски Вјесник“гореше цела ноќ, пожарот сè уште не е изгаснат

/

пред 320 дена

Сподели преку :

Синоќа околу 23 часот, во облкодер каде што е сместен „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб избувна пожар.

Бидејќи се ширел вертикално, зафатил неколку ката и покривот, поради што била потребна голема ангажираност на пожарникари и опрема за негово гаснење. Причината за пожарот засега е непозната.

-Пожарот е сè уште активен и се шири низ структурните отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите беа повлечени од внатрешната брза акција. Сите единици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб.

-Пожарот започнал од покривот и брзо се проширил кон средниот дел од зградата и долните катови. Пожарот се однесува чудно. На моменти се чини дека сè е изгаснато, а потоа одеднаш се запалува, делови од зградата паѓаат, објави новинарот на ХРТ Крешо Воларевиќ.

-Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, собите внатре се полни со опрема и документи. Интересно е што имаше само една пријава од граѓанин. Нормално, секогаш добиваме многу пријави кога има големи пожари“, рече Синиша Јембрих, командант на Јавната противпожарна служба на градот Загреб.

На терен гаснеле  околу стотина пожарникари со 30 возила.

 

K.K.