Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)25 патници ја преживеале авионската несреќа во Казахстан, најверојатно 42 лица загинале

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Азербејџански патнички авион се урна во казахстанскиот град Актау, а казахстанското Министерство за вонредни состојби соопшти дека најверојатно 42 лица загинале.

Министерството потврди во соопштението на Телеграм дека во авионот имало 67 лица, вклучително и пет членови на екипажот.

Се додава дека 25 од нив ја преживеале несреќата, според прелиминарната проценка, а 22 преживеани се хоспитализирани.

Авионот Ембраер 190 принудно слета на аеродромот во Актау, соопшти Азербејџан ерлајнс.

(видео)Се урна авион во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот, има преживеани