Израелски багери денеска ги уриваа живеалиштата во бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, област која е претежно контролирана од војската уште од почетокот на годината.
Соседите и жителите го гледаа уривањето на зградата во тивок ужас од своите балкони.
Мотаз Мохор, сопственик на една од куќите што требаше да се сруши, беше загрижен за иднината и континуираното раселување.

Тој го раскажа циклусот на раселување низ кој поминало неговото семејство низ генерации.
- „Бевме раселени од Јафа, бевме раселени од Хаифа“, рече тој, „а сега сме раселени од бегалските кампови“.
Тој изјави за Асошиејтед Прес дека во некои од становите што се рушат порано живееле 25 членови на семејството.
- „Нашиот дом ни е драг, спомените ни се драги, семејството, соседите и добрите луѓе ни се драги“, рече тој.
Израелските воени напади врз бегалските кампови на север од Западниот Брег во јануари и февруари претставуваа најголемо раселување на територијата откако Израел ја зазеде во 1967 година, соопшти Хјуман рајтс воч.
Израел изјави дека неговите трупи ќе останат во некои кампови една година. но не е јасно до кога.
Илјадници раселени Палестинци живеат заедно со роднини кои се се побројни изнајмените станови или живеат во јавни згради.
„Хјуман рајтс воч“ соопшти дека анализирале сателитски снимки и заклучиле дека повеќе од 850 домови и згради се уништени или тешко оштетени.
Израелската војска изјави дека напаѓала инфраструктура на милитантите и расчистувала простор за движење на трупите.

Договорот за Газа е во опасност од застој
Илјадниците раселени лица од Газа се соочија со уште постудени зимски услови во истрошени шатори, бидејќи напредокот во прекинот на огнот се чини дека се одвива бавно.
Договорот за Газа е во опасност од застој пред да стигне до својата комплицирана втора фаза, која би вклучувала именување на меѓународно управно тело и обнова на опустошената палестинска територија.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник, рече дека сака да стигне до втората фаза од договорот за Газа „што е можно побрзо“.
Нетанјаху, кој исто така се сретна одделно со државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет за време на неговата посета на САД, сигнализираше дека не брза да продолжи со следната фаза сè додека останките на заложникот Ран Гвили се сè уште во Газа.
Иако договорот во голема мера се спроведува, неговиот напредок се одвива бавно.
Б.С.











