Националниот џез оркестар заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет вечерва на сцената на Македонската филхармонија го одржа првиот концерт за новата сезона 2026.
Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија.

Под диригентство на маестро Џијан Емин, бeа изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески.

A како солисти настапија Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ, на пијано.

Гостин на вечерта беше Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.











