Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.

Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.

Учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.

Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.

Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.

Учениците си заминаа, носејќи со себе убави спомени од еден необичен училишен ден.