Повеќе од 2 милиони луѓе се собраа на плажата Копакабана во Рио за да го прослават почетокот на 2026 година, гледајќи 12-минутен огномет. Дел од нив беа речиси целосно облечени во бело и уживаа во музиката на повеќе сцени.

Порано оваа недела, прославата на Нова Година во Рио беше официјално признаена од Гинисовата книга на рекорди како најголема прослава на Нова Година во светот.

Рекордот е постигнат со оглед тоа што 2,5 милиони луѓе дојдоа на плажата Копакабана во 2025 година.











