Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Францускиот предлог објавен на македонски – ќе се разгледува и во Собранието

/

пред 1570 дена

Сподели преку :

Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието, и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци.

Помалите партии во власта не даваат бланко поддршка за францускиот предлог. Бараат суштински измени, во спротивно нема да го гласаат и предлагаат референдум.

Трите партии ДС, ДОМ и ЛДП, побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес.