Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција ќе потроши дополнителни 6,5 милијарди евра за војската

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе инвестира дополнителни 6,5 милијарди евра воени средства во наредните две години поради, како што рече, „нови и невидени закани“. Во традиционалното обраќање пред војската во пресрет на Денот на Бастилја, тој истакна дека слободата на Европа е сериозно загрозена, особено поради војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток.

Макрон најави дека до 2027 година, Франција ќе достигне рекордни 64 милијарди евра годишен одбранбен буџет, двојно повеќе од кога ја презеде функцијата во 2017 година. Макрон нагласи дека и покрај високите нивоа на јавен долг, Франција мора да биде подготвена да ја брани својата слобода и безбедност.

Во говорот, Макрон најави почеток на „стратешки дијалог“ со европските партнери за улогата на француското нуклеарно оружје во европската одбрана. Во исклучителен чекор, Франција и Велика Британија неодамна се согласија на заедничка нуклеарна соработка.