Европскиот фронт против одлуката на САД и Израел да го нападнат Иран станува се поцврст. Откако германскиот канцелар, Фридрих Мерц, ја исклучи можноста Германија да учествува во конфликтот против Иран, францускиот претседател, Емануел Макрон, на вчерашниот состанок на Националниот совет за одбрана и безбедност, изјавил дека Франција не е страна во конфликтот и оти таа никогаш нема да учествува во операции за отворање или ослободување на Ормускиот теснец во сегашниот контекст.
Тој е против проширување и на рамките на операцијата „Аспи-дес“ на ЕУ и единствено што е прифатливо за Франција, е кога ќе престанат честите бомбардирања, заедно со други нации, Франција да ја преземе одговорноста за воспоставување систем на придружба на поморскиот транспорт, за што започнале разговорите со Индија и со неколку европски и партнери од регионот, но за што би биле потребни разговори и избегнување на судир со Иран.
T.Д.











