Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фридом хаус“: Македонија без напредок, останува делумно слободна земја

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Македонија без напредок на ранг листата на „Фридом хаус“ за 2024 година, останува делумно слободна земја. Невладината организација финансирана од американската влада денеска го објави својот најнов годишен извештај „Слобода во светот“ во кој, на глобално ниво, го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи.

На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени означува неслободна, а 100 поени слободна земја, Македонија е бодувана со 67, исто како и на рангирањето за 2023 година.

Без постигнат напредок, земјава останува на позицијата делумно слободна, во друштво на останатите земји од Западен Балкан.

Од земјите од соседството, напредок за еден поен во однос на 2023 година има Босна и Херцеговина, а пад од еден бод има соседна Србија.

Кај останатите земји од Западен Балкан, нема ниту напредок ниту уназадување.