Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ганиу и Арсовска во нова пресметка

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Ќе одговара ли градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу за ѓубрето кое вчера го фрли во Градскиот парк?

„Извршено е фотографирање на лице место. Со оглед дека е констатирано прекршување по основ на Законот за јавна чистота, од страна на инспектори при Град Скопје товарното возило марка „Мерцедес“ е одземено и во придружба на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција истото е однесено во „Дрисла“, соопштија од МВР.

Откако тој и граѓаните го истурија сметот пред бараките на Град Скопје си заминаа и дојде градоначалничката Данела Арсовска, која се вклучи во живо на социјалните мрежи, прашувајќи: „Зошто избегаа?“

„Три минути, значи само три минути. Кога му кажав дека доаѓам веднаш избегал. Висар Ганиу кај си ти, зошто избега и не ме почека“, револтирано кажа Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје.

Ганиу признава дека потегот е противзаконски, но тврди дека бил принуден да дејствува поради алармантната состојба со хигиената во Чаир.

„Знам дека е противзаконски, но немав друго решение. Само сакав со тоа да им укажам дека треба да биде чисто зошто тоа е наше богатство“, изјави Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Прашан за синоќешното обраќање на Арсовска дали тој е вмешан во криминал со дивоградби, Ганиу наместо конкретен одговор, ја нападна Арсовска дека одработува за други политички партии.

Но, додека се води еко или политичка војна помеѓу оние кои наместо да чистат, расфрлаат и загадуваат, индиректна жртва се граѓаните. Апелираат дека не треба да бидат жртви на политички пресметки и бараат институциите да преземат одговорност.

„Мислам дека тие се договараат меѓу себе и постојано се расправаат, а ние трпиме“, вели граѓанин.

„Состојбата е катастрофа во Аеродром, Ново Лисиче, постојано контејнерите се празни, а ѓубрето е надвор“, вели жителка.

„Кај нас во Ѓорче Петров треба два пати неделно да го собираат ѓубрето, а тие доаѓаат само еднаш, а некогаш ни толку, а плаќаме редовно“, додава жител.

Овој инцидент се случува во период на заострени односи меѓу Ганиу и Арсовска. Градоначалникот на Чаир ја обвинува Арсовска дека не вложува во општината, додека таа, преку своите јавни обраќања, обвинува за нерегуларности и дивоградби во Чаир.

 Тамара Марковска