Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гарантираната цена ги „задоволи“ надлежните, но не и граѓаните

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

„Гарантираната цена“ на одредени производи ги задоволи надлежните, но не и граѓаните. Министерот за економија Бектеши се фали со новите мерки, граѓаните пак револтирани. Велат нема намалување. И покрај одлуката на владата – цените се уште се изгор.

Инспекторите на терен, а со нив во проверка на маркетите за да види дали се почитуваат новите мерки отиде и министерот Бектеши.

За идната недела Бектеши најавува и намалување од 10% на цените на пијалоците. Ги повика граѓаните сите пропусти на маркетите да ги пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Од вчера 50тина производи се под мраз, а за да може граѓаните полесно да ги најдат цените на артиклите кои се опфатени со новата владина мерка, односно со намалување од 10%, тие треба да бидат означени со посебна ознака на која пишува „Гарантирана цена“. Инспекторите од вчера се на терен, а контролите ќе продолжат и во наредните два месеци.

Симона Петровска