Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши е против ад-хок отворање на уставот

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Уставот не смее да се отвара парцијално, порача претседателот на Собранието кој смета дека ова е чувствително прашање за кое е потребна поширока општествена и политичка дебата. Отворањето за да се воведе механизмот „Уставна тужба“ што може да се направи само со уставни измени, според него, би повлекло и други политички барања.

„Уставот не треба ад-хок да се отвора. Штом ќе се отвори уставот, секој сака да ја постигне својата политичка цел. Знаеме дека е проблематично да се отвори уставот само за едно прашање. Секој инсистира на друго и тоа може да доведе до поголем проблем отколку корист. Но, тоа е првенствено работа и одлука на политичките партии, а не моја како претседател на Собранието“, рече Африм Гаши, претседател на собранието.

На дебатата во Уставниот суд и премиерот рече дека политичките услови засега не дозволуваат промени, затоа што, покрај барањето за внес на Бугарите во Уставот има и повеќе други барања од партии. Меѓу нив е и барањето за промена на формулацијата 20 отсто со албански јазик, а најново е барањето на Европски фронт – Бадентеровиот принцип да се применува и во Уставниот суд.

Гаши смета дека на ова прашање треба да се гледа и од политичка и од експертска димензија, но сепак без предрасуди и со фокус на основната улога на судот, а тоа е да ги брани Уставот и уставноста при донесувањето на законите во државата.

За истото прашање, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски деновиве рече оти смета дека е подобро да се затвори институцијата отколку да се воведе механизмот Бадентер.

Далиборка Демјанска Цветановска