На конференција по повод Денот на Европа, собранискиот спикер Африм Гаши порача дека европската иднина на Македонија зависи и од граѓанската заложба, а не само од Брисел. Опозицијата со оценка дека патот кон Унијата е јасен и уставните измени не го загрозуваат идентитетот. Од власта остануваат на ставот дека нема да поддржат внесување на Бугарите во Уставот без јасни гаранции против нови барања.











