Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши останува претседател на Собранието – мнозинството пратеници гласаа „против“ негова интерпелација

/

пред 788 дена

Сподели преку :

Африм Гаши останува претседател на собранието. Пратениците вечерва гласаа против интерпелацијата за него, поднесена од Левица. „Против“ се изјаснија 72 пратеника, 21 беа „за“ и немаше воздржани при гласањето.

Цел ден се водеше расправа за интерпелацијата на Гаши во собранието, а за нејзино усвојување беше потребно мнозинство на пратеници.

Пратениците на ДУИ не присуствуваа во собраниската сала за време на гласањето. Пратеници на владеачката коалиција на чело на ВМРО-ДПМНЕ претходно се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.