Уставните измени се политичко прашање, а кога станува збор за процедурата, Собранието е подготвено да ја отпочне во секој момент, вели спикерот Гаши.
Според него, потребна е само политичка волја, двотретинското мнозинство не е проблем туку политичкиот договор и моментот треба да го одредат партиите, додава Гаши. Вчера, премиерот Мицкоски повика на широко обединување во име на исполнување на стратешката цел на земјава – членството во ЕУ.
Тој тврди дека има јасен план и стратегија и не отстапува од ставот дека уставни измени се прифатливи само со одложено дејство. Претходно, од официјална Софија порачаа дека не е возможно репреговарање на преговарачката рамка.
https://youtu.be/xCVHXZdClvk











