Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Унгарија се согласила да не стави вето на помошта на Алијансата за Украина

/

пред 862 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Унгарија се согласила да не стави вето на помошта на Алијансата за Украина, но владата во Будимпешта, исто така, нема да обезбеди никаков персонал или средства за помош на земјата.

На самитот во Вашингтон следниот месец, американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во НАТО се очекува да се договорат за нов систем за давање попредвидлива и долгорочна безбедносна помош и воена обука на Украина.

-Унгарија нема да учествува во овие напори на НАТО и јас ја прифаќам таа позиција, изјави Столтенберг за новинарите во Будимпешта по разговорите со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Столтенберг истакна дека тој и Орбан се договориле за условите Унгарија да не учествува во поддршката на НАТО за Украина. Шефот на НАТО не прецизираше како тоа ќе се направи.

НАТО ги донесува сите свои одлуки со консензус, што ефективно дава право на вето на која било од 32-те земји-членки.