Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот секретар на Собранието сè уште без одговор за висината на патните трошоци на пратениците

/

пред 496 дена

Сподели преку :

Eдночасовна пауза во Законодавниот дом на барање на пратеникот од Левица Сашко Јанчев. Како и во претходните денови пред почетокот на пленарните седници Јанчев побара пауза бидејќи, како што рече, генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Пратениците, според предложениот дневен ред на 56. седница, треба да расправаат за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што претходно денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија.

Со неа како што пишува МИА се предлага да се обезбедат 2.000.000. денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани, околу 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.