Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот штрајк во Србија започна со блокади и протестни прошетки

/

пред 619 дена

Сподели преку :

Генералниот штрајк во Србија организиран од студентите започна денеска со блокади во повеќе градови низ земјата. Поддршка добија од средните и основните училишта кои одлучија да ја бојкотираат наставата и излегоа на протестни прошетки. Во бојкотот се приклучија и голем број институции преку разни начини на искажување незадоволство, од краткотраен молк до привремено запирање на работата. Генералниот штрајк доби поддршка и српската опозиција и нејзини претставници излегоа на блокадите во повеќе градови.

„Само што го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград во знак на поддршка на студентите, во знак на поддршка на просветните работници, учителите, наставниците, професорите“ изјави Маринка Тепиќ – Претседателка на Партијата на слободата и правдата.

Забележливо е силно полициско присуство на сите локации каде за денеска се најавени протести.

Блокадата на автопатот Нови Сад – Белград, организирана од опозицијата во Нови Сад беше прекината од полицијата а нејзините учесници станаа првите уапсени на денешниот генерален штрајк.

Седиштето на РТС го чуваат полициски единици во опрема за разбивање демонстрации, а според новинската агенција ФоНет вработените во покраинската влада на Војводина биле заклучени во нејзината зграда во Нови Сад, а пред неа биле распоредени повеќе полициски возила.

За тоа што мислат властите во Србија за генералниот штрајк зборува и наредбата на Министерството за образование за намалување на платите на вработените кои ќе учествуваат во бојкотот.

Освен блокади, за подоцна денеска се најавени и протести на повеќе локации, од кој најголемиот се очекува да биде пред Претседателството во Белград и седиштето на Радио Телевизија Србија.

Игор Трајков