Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералното собрание на ОН избра пет нови непостојани членки на Советот за безбедност

/

пред 867 дена

Сподели преку :

Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА.

Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН е единственото тело на ОН кое има моќ да донесува обврзувачки резолуции според меѓународното право, потсетува германската агенција.

САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција се петте постојани членки на Советот, од кои сите имаат право да стават вето на која било одлука или мерка, а десетте непостојани членки на советот, секоја избрана на две години, имаат многу помало влијание.

Поранешниот премиер на Камерун, Филемон Јанг, ноќеска, исто така, е избран за нов претседател  на Генералното собрание на ОН, и тој во следната година ќе ја извршува оваа главно церемонијалната функција, јави ДПА.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Јанг е „горд Африканец посветен на иднината на својот континент“, со богато искуство.

„Со нетрпение очекувам тесно да соработувам со него додека тој ги обединува земјите-членки околу заедничките решенија кои можат да испорачаат правда во Африка и светот во развој“, додаде генералниот секретар на ОН.