Калин Георгеску, прорускиот кандидат за претседател на Романија, кој победи на поништениот прв круг од изборите во ноември минатата година, бил приведен на распит, соопштија романските медиуми.
Обвинителството издало потерница против него откако претходно биле спроведени претреси на домовите на неговите најблиски соработници.
Според романските медиуми, Георгеску бил приведен на распит во врска со финансирањето на неговата кампања за претседателските избори минатата година, на кои тој победи но беа поништени од Уставниот суд поради сомневања за руско влијание.
Обвинителството сомничи 27 лица за дејствување против уставниот поредок, фашистичко организирање и давање лажни изјави во врска со финансирањето на предизборната кампања.
Романија влезе во политичка криза откако Георгеску, прорускиот, крајнодесничарски и НАТО скептичен кандидат победи во првиот круг на претседателските избори во ноември минатата година. Уставниот суд ги поништи резултатите откако се појавија сомнежи за руска операција за влијание врз резултатите на претседателските избори.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за 4 мај, додека вториот две недели подоцна, односни на 18 мај.











