Воена интервенција на Блискиот Исток не беше нужна, особено што во меѓувреме се одвиваат преговори меѓу САД и Иран за нуклеарната програма, рече Лидија Георгиева, професорка на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма.
„И особено што имаше изјави дека биле на чекор до потпишување на договор. Со овој чин, дипломатијата е ставена сосема на страна. И тоа не е првпат. Тоа покажува знаци дека дипломатијата во меѓународните односи не ги остварува ветувањата, не ги исполнува очекувањата на страните кои што се вклучени во такви процеси. Сметам дека воената интервенција дополнително ќе ги усложни преговарачките позиции, доколку го има воопшто во овој момент, со оглед дека и Иран и САД, од последните изјави, одбиваат да седнат на преговарачка маса и да преговарат“, смета Георгиева.
С.Д.











