Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германците незапирливи на отварањето на Европското првенство

/

пред 845 дена

Сподели преку :

Германската фудбалска репрезентација со фуриозен вовед на Европското првенство. Домаќинот на завршниот турнир ја декласираше Шкотска со 5:1 во првиот меч од групата А.

Првиот гол за „панцерите“ беше дело на Вирц во 10-тата минута. Водството на Германците го дуплира Мусиала во 19-тата, а пред паузата за одмор погоди и Хаверц од пенал.

„Петардата“ беше комплетирана со головите на Фулкруг и Џан, додека единствениот погодок за Шкотите беше дело на Рудигер, кој во 87 минута на несреќен начин ја пренасочи топката кон сопствената мрежа.