Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија го протерува рускиот заменик-воен аташе поврзан со апсењето на шпионка

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Германската влада денеска нареди рускиот заменик-воен аташе, веднаш да ја напушти земјата, откако беше утврдено дека и бил шеф на осомничената жена која вчера беше уапсена за шпионирање во корист на Русија.

Оваа одлука следеше по апсењето на германско-украинската државјанка Илона В., осомничена за собирање воени информации за руските разузнавачки служби пишува МИА.

Министерството за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Берлин на состанок, за време на кој дипломатот беше информиран дека заменик воениот аташе мора да замине во рок од 72 часа, бидејќи наводно бил вмешан во активностите на осомничената жена шпион, објави веб-страницата „Шпигел“.

Федералните обвинители ја обвинуваат Илона В. за шпионажа, истакнувајќи дека од 2023 година таа пренесувала класифицирани воени податоци, вклучително и информации за локациите на германските производители на оружје, тестирање и планирани испораки на дронови во Украина.

Осомничената собирала информации за време на посети на важни политички настани, претставувајќи се како советник.

Постои можност таа да користела контакти со Германци поврзани со Министерството за одбрана – инженер на Бундесверот и поранешни штабни офицери, но сè уште не е докажано дали тие дале класифицирани информации. Истражителите денес ги претресоа нивните станови и запленија докази, но тие не се уапсени.