Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина

/

пред 460 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц.

-Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц.

„Украина ќе добие многу големо количество воена опрема благодарение на договорот склучен меѓу НАТО и САД“, изјави  генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на средбата со Трамп во Вашингтон.

Руте конкретно спомена опрема за воздушна одбрана, ракети и муниција, откако американскиот претседател објави договор кој се состои во испраќање оружје од страна на САД за кое членките на НАТО ќе платат.