Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германската парламентарна комисија ќе дебатира за датумот за избори

/

пред 692 дена

Сподели преку :

По распадот на владејачката коалиција на левиот центар во Германија, Комисијата на Бундестагот за испитување прашања поврзани со изборите денеска ќе одржи состанок на кој ќе се дебатира за датумот за одржување нови парламентарни избори.

Според администрацијата на Долниот дом на германскиот Парламент, на состанокот се очекува да присуствува и федералната изборна функционерка Рут Бранд, која претходно предупреди дека јануари или февруари 2025 година е прерано за одржување избори.

Лидерот на опозициската парламентарна група Христијанско-демократска и Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), Фридрих Мерц истакна дека тие сакаат изборите да бидат во втората половина на јануари.

Се очекува состанокот на Комисијата да биде јавен и може да се следи онлајн на веб-страницата на Бундестагот.