Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германските разузнавачи ја означија АФД како екстремистичка

/

пред 534 дена

Сподели преку :

Германската Федерална канцеларија за заштита на уставот ја означи целата крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија како екстремистички субјект. Разузнавачите објавија дека одлуката била донесена по интензивна и сеопфатна анализа.

Во партијата превладува концепцијата за народот заснована на етничка припадност и потекло, што не е компатибилно со слободниот демократски поредок. Нејзината цел е одредени групи на население да се исклучат од еднакво учество во општеството, да се подложат на третман што го прекршува уставот и со тоа да им се додели правно подреден статус“, се вели во соопштението на разузнавачка агенција задолжена за заштита на уставниот поредок.

На парламентарните избори во февруари, АфД освои 20,8% гласови, со што стана втора политичка сила во Германија, но последните анкети покажуваат дека таа дури ја намалува разликата во однос на конзервативците.