Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ги прикачувале на метеоролошки балони со ГПС уреди и од Белорусија пренеле над 48.000 штеки цигари – уапсени пет лица во Полска

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Полските власти уапсиле пет лица под сомнение дека учестрвувале во шверц на цигари од Белорусија со помош на метеоролошки балони. Операцијата предизвикала штета од повеќе милиони евра на државниот буџет поради неплатени давачки и доведе до нарушување на воздушниот сообраќај, пишува „Еуроњуз“.

Меѓу осомничени се државјани на Полска, на Белорусија и на Украина. Тие се товарат за учество во организиран криминал, кршење на прописите за воздушен сообраќај и поддршка на агресијата против Украина. Доколку бидат прогласени за виновни ќе се соочат со затворска казна од девет месеци до 12 години. За сите пет лица е определен тримесечен истражен притвор.

Според наводите на истражителите, групата од септември во 2025 година до февруари оваа година прошверцувала најмалку 48.000 штеки со цигари чија вредност се проценува на 237.000 евра.

Шверцерите ги прицврстувале кутиите со цигари на метеоролошки балони со ГПС уреди. По влегување на балоните во полскиот воздушен простор, тие со помош на ГПС сигнал ги лоцирале и ги преземале пратките. За време на потрагата во Сиедице, полската полиција ги пронашла шверцуваните цигари и ГПС уредите.

С.Д.