Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гиевски во „Топ тема“: На учениците им кажуваме дека не може да прават херои од негативци

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Трагичните настани што се случија во Србија поттикнаа разговори меѓу учениците и наставниците во училиштата. Учениците најчесто сакаат да потврдат одредена медиумска информација, со нафрлање за почеток на разговор за да видат како реагира наставникот на одредено прашање, истакна Томислав Гиевски, професор по географија во основното училиште „Рајко Жинзифов“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.  

„Разговарав со пет-шест ученици по случувањата во Србија. Се споменува името и презимето на личноста која што го направи делото во, ајде да кажам, ниту во позитивна, ниту во негативна смисла. Значи само го повторуваат, па мораме да ја начнеме темата за причините. По отворање на темата, учениците велат дека тоа што се случи не е убаво, бидејќи гледаат дека наставникот очекува од нив тоа да го кажат. На учениците им се укажува дека не може да прават херои од негативци“, вели Гиевски.