Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гимназијалци од Кавадарци во Париз туркале автобус за да запали

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

Средношколците од трета година од кавадаречката гимназија во Франција туркаат автобус за да тргне. Оваа видео се споделува на социјалните мрежи и се коментира од страна на револтираните родители, кои своите деца ги испратиле на екскурзија во Италија и Франција.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев за Телма вели дека случајот ќе биде пријавен до надлежните институции, бидејќи учениците се најмалку одговорни за да туркаат автобуст и да стартираат мотор.

Техничкиот проблем на автобусот веќе е решен и ексурзијата продолжила. Посочува дека уште на самиот старт побарале да се испита техничката исправност на автобусот. Првиот автобус кој пристигнал на технички преглед не поминал, ова е вториот автобус кој го поминал техничкиот преглед.

Градоначалникот Јанчев побара од Министерствата за транспорт и врски и внатрешни работи да ги зголемат критериумите за издавање на лиценци на транспортните компании и туристичките агенции кои вршат меѓународни екскурзии на ученици и патници, со цел нивна поголема безбедност.

Забележува дека ваквите случаи, како што е  со кавадаречките гимнизајалци, треба за институциите да бидат аларм и предупредување, за да се сменат критериумите за добивање на лиценци за автобуси кои вршат меѓународен превоз.

Викторија Димитрова Јованова