Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гир со бројни забелешки, Маричиќ не гледа назадување

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

„Правичен и искрен“. Вака евроамбасадорот Гир го оцени извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на македонскиот евроинтегративен процес.Презентирајќи го, ги потенцираше најважните забелешки во делот на реформите и загриженоста во врска со политичката поларизација.

Гир нотираше дека во извештајот е пофалена работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), како и на Државниот завод за ревизија (ДЗР), но дека нивните одлуки мора да се почитуваат.Забележан е ограничен напредок во реформите во јавната администрација, а ги наведе и лошите услови во затворите, особено во најголемиот во земјава – „Идризово“.

Вицепремиерот за европски прашања, од овие забелешки не гледа дека извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија, туку напротив.

Вицепремиерот смета дека проблемите може да се решаваат и во текот на преговорите, и дека во моментов е најважно да се донесат уставните измени. Гир, пак,  ги става реформите на прво место.

И двајцата побараа консензус меѓу политичките партии. Гир  за клучните реформи, а Маричиќ за прашања како што е изборот на директор на ОТА, членови на Антикорупциската комисија, комплетирањето на Уставниот суд.Само со заедничка работа и договор, вели, во следниот извештај ќе се добијат подобри оценки.

Далиборка Демјанска Цветановска