Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ со победата на Ју-ес Опен ја освои рекордната 24-та Грен слем титула

/

пред 1119 дена

Сподели преку :

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на Ју-ес опен и ја освои рекордната 24-та Грен слем титула во кариерата. Ѓоковиќ во исцрпувачки меч кој траеше 3 часа и 17 минути го победи третопласираниот на АТП листата, Данил Медведев со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 6:3).

Ѓоковиќ, исто така се врати на првото место на АТП листата. Тој ја започна 390.недела како светски број 1. Со 24-та Грен слем титула српскиот тенисер го израмни и 50 годишниот рекорд на Маргарет Корт. Исто така, од денеска и официјално Ѓоковиќ ја превземе и титулата светски рекет број 1.