Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гласачкото ливче ќе биде долго, но не и со метарски размери

/

пред 415 дена

Сподели преку :

Стравувањата дека гласачкото ливче ќе добие метарски размери не се остварија. Сепак, ќе има рекорден број на независни кандидатури за градоначалници- 69, како и 68 независни листи за советници.

На врвот на листата е општина Прилеп, со седум независни кандидати. Второто  место го делат Град Скопје, Струга и Демир Хисар со по пет независни кандидати, додека Битола и Демир Капија го делат третото место со по три кандидати. Во уште триeсеттинa општини ќе има по еден до двајца независни кандидати.

Во Скопје, независни кандидатури подигнале Горан Марковски, Драган Николовски, Сашо Маневски, Сашо Панговски и Демир Исмаил.

Големиот број на независни кандидатури е резултат на недонесувањето на нови измени во Изборниот законик, откако претходните беа укинати од Уставниот суд, по што  ДИК зазеде став дека може да се кандидираат со само два потписа.

Уставната судијка, Ана Павловска Данева, вели дека не е првпат партиите да не ги почитуваат одлуките на судот и затоа се создаваат вакви ситуации.

„Тој правен вакуум доведе до ситуација, секој да може да поднeсе кандидатура, што за демократијата е веројатно најдобро, но не знам како ќе се искористи сега. Како и да е, што и да се случи,  ќе биде резултат на тоа дека законодавецот не успеал да ги канализира одлуките на Уставниот суд“ изјави Ана Павловска Данева, уставна судијка.

Рокот за собирање на потписи за независни кандидатури заврши ноќеска на полноќ, додека рокот за кандидатури од партиите истекува на 13 септември.

Далиборка Демјанска Цветановска