Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гласен Текстилец“: Да зборуваме за плата за живот, а не за покачување на минимална плата

/

пред 717 дена

Сподели преку :

Да зборуваме за плата за живот, а не за покачување на минимална плата, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“, откако опозицијата предложи Закон за покачување на минималецот на 450 евра. Според неа потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот е на став дека политичките одлуки одат на товар на стопанството, но и на самата држава. Тие подолго време бараат да се донесе нов Закон за ослободување од придонеси за порастот на платите, по урнек на законот што беше од 2019 година, а кој според нив навистина даде добри резултати во врска со порастот на платите.

Додека се дебатира за минималната плата, во телстилниот сектор се чувствуваат ефектите од немање на нови странски партнери, но и од пазарот во земјите на ЕУ, а особено во Германија.

Според Бошков од Бизнис конфедерацијата во моментов за привлекување на нови партнери може да се искористи и состојбата на Блискиот исток.

Истражувањата на ,,Гласен синдикат” покажуваат дека работниците во реалниот сектор се уште се соочуваат со исплата на минимална плата, без додаток за смена, прекувремена работа, работа на празник или недела, како неработен ден.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечна плата во август 2024 изнесува 41.097 денари или 668 евра.

Викторија Јованова