Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

/

пред 533 дена

Сподели преку :

Новинарите на „Гласот на Америка“ можат да се вратат во своите канцеларии од идната недела според информацијата дека Министерство за правда ги известило вработените преку електронска пошта.

„Гласот на Америка“ ќе продолжи со својата работа откако пред два месеци админстрацијата на претседателот Доналд Трамп одлучи да ја прекине нивната работа. Со извршната наредба на 14 март, која беше насочена кон повеќе федерални агенции и канцеларии, вклучувајќи ја и Американската агенција за глобални медиуми, матична организација на „Гласот на Америка“, беше одлучено да се стопира нивното финансирање.

Обидот за затворање на државниот медиум наиде на правни пречки. На 22 април, федералниот судија Ројс Ламберт издаде привремена забрана со која ѝ наложи на администрацијата да го обнови работењето на „Гласот на Америка“ со образложение дека одлуката за негово укинување е противуставна.

Помошничката на американскиот обвинител Бренда Гонзалез Хоровиц потврди дека адвокатите што ги претставуваат вработените во „Гласот на Америка“ се враќа на работа. Во соопштение се потврдува дека сите вработени повторно добиле пристап до системите.