Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Изгубени се квалитетни услуги коишто требале да бидат дадени на граѓани и она што значи дополнителен придонес за БДП и за државата. Во периодот од 2024 година ревизорите утврдиле дека постојат 68 договори регистрирани за јавно приватно партнерство.

„Искажуваме сомнеж дека овој број може да биде и поголем од причина што не постои електронски регистар којшто автоматски би се водел за склучените договори, а не секогаш одредени правни субјекти кои пристапуваат кон јавно приватно партнерство ги доставуваат документите кон министерството. Скоро 80 посто од склучените договори се однесуваат на договори на ниво на општина или на ниво на јавни претпријатија основани во општина што укажува на одредени недоследности“ вели главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Потребно е да се согледаат осум одделни чекори за да се додели јавно приватно партнерство.

„Не секогаш има конкуренција во доделувањето во договорите, бидејќи во 80 посто од договорите е воочено дека има само еден понудувач или еден приватен партнер којшто бара да се склучи договорот“ вели Ацевски.