Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го нарекоа Хитлер на 21 век – Турција поднесе тужба до судот во Хаг против Нетанјаху за геноцид во Газа

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Турција поднесе тужба против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, обвинувајќи го за геноцид во Појасот Газа, изјави Метин Кулунк, адвокат на владеачката Партија на правдата, на социјалната мрежа Икс.

„Денеска, застапувајќи ја совеста на граѓаните на Република Турција, поднесовме тужба против Хитлер на 21 век – израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кому мора да му се суди за геноцид што го направи во Појасот Газа и сите злосторства против човештвото“, напиша Кулинк.

Тој ја покажа првата страница на тужбата и додаде дека ја поднел со уште двајца колеги преку турското Министерство за правда кое ќе го проследи документот на 23 страници до МКС.

Како што нагласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, официјална Анкара работи да го прогласи Израел за виновен за воени злосторства. Минаиот викенд забележа дека Нетанјаху не го смета за соговорник, но оти шефот на разузнувачката служба одржува контакт со Тел Авив.