Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го ограбиле под закани со нож, полицијата ги фатила разбојниците тинејџери

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Интервентната полиција при СВР Скопје приведе разбојници, веднаш по извршеното кривично дело.
На 09.11.2024 околу 02.45 часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“. Веднаш по добиената пријава околу 02.30 часот од Ф.Ф. (22) дека во близина на Собрание на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава