Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар на југот на Албанија се заканува да ја зафати хидроелектраната „Бистрица“

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Пожар од големи размери избувна во јужниот дел на Албанија, зафаќајќи делови од општината Финиќ.

Изгореа две куќи, а жителите на селата Ливина и Ардасово беа евакуирани поради опасноста од ширење на огнот, соопштуваат албанските медиуми.

Критична е состојбата и во селата Велахово, Бистрица и Кронѓ, каде пожарот се шири потпомогнат од високи температури и силен ветер.

Во гаснењето се вклучени пожарникари од неколку општини, припадници на армијата и воздушна поддршка.

Министерот за одбрана, Пиро Венгу, изјави дека се преземаат максимални мерки за спречување на ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица“.

Од безбедносни причини, затворен е сообраќајот на патот Музина – Бистрица до завршување на интервенцијата.