Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

/

пред 855 дена

Сподели преку :

Грчките пожарникари од копно и воздух се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во ниска вегетација во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се во близина на домови и деловни објекти, а преку порака од бројот за итни случаи 112 беа евакуирани жителите на една населба.

Противпожарните сили постојано се зголемуваат, интервенираат над 50 пожарникари со два пешадиски тима и 19 возила и со четири авиони и шест хеликоптери, додека пак силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето.

Неофицијално, пожарот предизвика материјална штета на неколку објекти.